Кафето не само што е тонизиран пијалок за будење, но и влијае позитивно врз здравјето, велат експертите.
Еве пет причини зошто треба да се пие кафе.
- Кафето е богато со антиоксиданси и може да се користи како превентивно средство против срцеви заболувања.
- Луѓето кои редовно консумираат кафе имаат помал ризик да се разболат од дијабетес од тип 2.
- Кафето го продолжува животот.
- Кафето може да го намали ризикот од појава на Паркинсонова болест.
- Ако се пие кафе пред утринските вежби, помага при согорувањето на масните наслаги во организмот.
А, сепак кафето треба да се пие разумно и умерено, односно препорачаната дневна доза е не повеќе од три кафиња на ден.