Сакате сериозна љубовна врска, но не ви оди од рака да го постигнете тоа? Експертите ве советуваат да ги промените следниве работи во вашето однесување.
Постојат многу интелигентни, успешни и убави жени, кои се и понатаму сами, и покрај тоа што вложуваат напори да пронајдат сродна душа. Експертите за врски Алесандра и Кристина Конти се обидоа да разберат зошто е тоа така.
Заклучокот до кој дошле можеби нема да ве воодушеви: Не скокајте веднаш во кревет со маж со кој сакате сериозна врска.
Ние не велиме дека треба да се чека до бракот, туку додека од него не добиете сѐ што сакате – љубов, сигурност, доверба, почитување …
Контиеви објаснуваат дека на жените им треба сигурност, а дека мажите најнапред бараат секс, игнорирајќи го чувството на сигурност и на сите убави работи кои врската ги носи со себе. Се разбира, тоа не значи дека мажите сакаат само и исклучиво секс.
Причината зошто не треба веднаш да проверите каков е во кревет мажот со кој сакате врска, тие го наведуваат следново: кога ќе добие она што го сака, ќе заклучи дека неговото однесување претходно било на задоволително ниво, па нема да ја види причината зошто и понатаму во врската би се трудел.
Со тоа што веднаш нема да му овозможите незаборавен секс туку ќе му покажете дека тој мора да вложи напор да добие сѐ од вас, велат експертите за врска.