Како да зготвите вкусен вегетаријански омлет

621

Едно од најлесните јадења кои човек може да ги приготви за ограничено време и со ограничени производи е омлет.

Постојат многу негови варијанти, вклучувајќи и такви за вегетаријанците .

Овој рецепт исто го исклучува месото, за сметка на што пак во составот има други вкусни замени.

За околу 15 минути може да приготвите прекрасен вегетаријански омлет и тоа две порции од него. Пред тоа, бидете сигурни дека ги имате следниве производи:

  • 6 јајца;
  • ¼ чаша течна павлака за готвење;
  • Сол и бибер по вкус;
  • 2 лажици масло;
  • ½ главица кромид – исечена на мали коцки;
  • ½ чаша домати – сечени на половина;
  • 1 чаша и половина спанаќ;
  • ½ чаша рендан кашкавал;

Подготовка

  • Изматете ги јајцата во доволно голем сад. Додајте павлака за готвење, сол и црн пипер. Промешајте повторно.
  • Загрејте нелеплива тава на умерена температура и со стопен путер. Потоа ставете сецкан кромид и гответе за неколку минути додека се здобијат со златно-кафеава боја.
  • Додадете исечени домати и спанаќот. Зачинете со уште сол и бибер по вкус.Промешајте и гответе, додека ливчињата спанаќ “омекнат”.
  • Потоа додадете ги јајцата и повторно промешајте. Намалете ја температурата на ринглата до ниска и полека мешајте ја смесата.
  • Кога јајцата се речиси готови, додадете рендан кашкавал и продолжете да мешате.
  • Послужете кога вегетаријанскиот омлет е подготвен. Може да украсите и со овошје (по желба).
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.