ОСТАВЕНИ БЕЗ ГРИЖА | Болеста може да се лекува, но минатата година од неа починале дури 1,5 милиони луѓе 

1285

Во својот годишен извештај за туберкулозата, болест која може да се спречи и излечи, СЗО вели дека пандемијата и поврзаните епидемиолошки мерки “го уназадиле годишниот глобален напредок”.

Бројот на смртни случаи од туберкулоза се зголемил минатата година за прв пат по десет години, објави во четвртокот Светската здравствена организација (СЗО), додавајќи дека има 1,5 милиони смртни случаи.

СЗО верува дека пандемијата на коронавирусот е виновна за влошената здравствена состојба.

Болест која може да се спречи и лекува

Во својот годишен извештај за туберкулозата, болест која може да се спречи и третира, СЗО изјави дека пандемијата и поврзаните епидемиолошки мерки „го уназадиле годишниот глобален напредок“ и предупредува дека бројот на смртни случаи од туберкулоза оваа година и следната година може да биде „многу поголем“.

Во 2020 година, според СЗО, „повеќе луѓе починале од туберкулоза затоа што многу помалку луѓе биле дијагностицирани и третирани со оваа болест или немале пристап до превентивна нега во споредба со 2019 година“, кога се забележани околу 1,4 милиони починати.

Ресурсите пренасочени кон “Ковид-19”

Додека пандемијата се ширела во земји како Индија, Индонезија и Филипините, „човечките, финансиските и другите ресурси, се пренасочени од туберкулоза на Ковид-19, ограничувајќи ја достапноста на основните услуги“.

Дијагнозата и третманот на туберкулозата се дополнително попречени затоа што „луѓето потешко моќеле да дојдат до нега во услови на затворање“, што значи дека бројот на недијагностицираните случаи ширум светот најверојатно ќе се зголеми од 2,9 милиони пред пандемијата на 4,1 милиони во 2020 година, а бројот на потврдени пациенти во истиот период паднал од 7,1 милиони на 5,8 милиони.

Во септември Stop TB Partnership објави дека веројатно 4,3 милиони луѓе со туберкулоза останале без третман поради пандемијата и предупреди за „речиси сигурна смрт на веројатно половина од таа бројка“.