Неверојатни љубовни приказни од вистинскиот живот кои ги кршат срцата

2050

Чекале 11 години да бидат заедно

Ирина и Вудфорд МекКлеин се венчале, но не ни мислеле дека ќе мораат да чекаат долги 11 години за да бидат заедно. Во раните 70-ти години Ирина живеела во Москва каде работела во Институт за светско стопанство и меѓународни односи. Таму го запознала американскиот професор Вудфорд МекКлеин. Се вљубиле и се венчале две години подоцна во јули во 1974 година. Но, во август на Вудфорд му истекла визата и морал да го напушти Советскиот Сојуз.

Се обидувал да ја посети својата жена во Москва, но на повеќе наврати му одбиле влез во земјата. Од друга страна, на Ирина не и дозволувале да ја напушти земјата и тоа без објаснување. Тие двајца контактирале со писма и преку телефон, а редовно си праќале и фотографии.

По повеќе од 11 години Ирина конечно добила зелено светло да се пресели во САД. Кон крајот на јануари во 1986 година слетала на аеродромот во Вашингтон, а тој тука нестрпливо ја чекал. Полетале еден кон друг во прегратка. Ирина нивното искуство го преточила во книгата Of Love and Russia: The Eleven-Year Fight for My Husband and Freedom (За љубовта во Русија: 11 годишна борба за мојот маж и слободата).

Се родиле во ист ден, а тој умрел еден ден по неа

Лес Браун Помладиот и неговата сопруга Хелен се родиле на ист ден, на 31 декември во 1918 година. Откако се запознале во средно училиште, знаеле дека ќе бидат неразделни. Лес доаѓал од богато семејство, а Хелен од работничко. Нивните родители не ја одобрувале врската, ги убедувале дека класната разлика е непремостлив проблем. Но, тие го докажале спротивното.

Се венчале, станале родители и секој ден биле заедно, среќни еден со друг. Во длабока старост Хелен се разболела од рак на желудник, а Лес се борел со Паркинсонова болест. По 75 години брак, таа умрела на 16 јули во 2013 година, а тој еден ден подоцна, не можел да живее без неа ни ден повеќе.

Продолжува на страна 4