Млади организираат ковид забави, па се обложуваат кој прв ќе се зарази

608

Голем број на млади луѓе во Алабама го претворија коронавирусот во забава. Властите известуваат неколку случаи на таканаречени ковид забави кои се организираат со намера намерно да се заразуваат едни со други.

Покрај тоа што намерно ги покануваат луѓето позитивни на Ковид-19, учесниците се обложуваат на тоа кој ќе се зарази прв.

„Во последните неколку недели, се забележува зголемување на бројот на забави на неколку локации каде доаѓаат студенти или деца, иако знаат дека се позитивни на коронавирус. На почетокот мислевме дека станува збор само за гласини, но се покажа дека навистина се случува“, рече Ренди Смит, началникот на противпожарна единица на состанокот на Градскиот совет во Тускалоса.

Членот на Советот, Соња Мекинстри изјави дека гостите на вакви забави собираат пари во сад и ја даваат целата сума на лицето кое прво ќе се зарази.

„Нема смисла. Тие го прават тоа намерно“, рече Мекинстри.

Полицијата се вклучила во сè затоа што заразените лица кои присуствуваат на вакви забави ја кршат регулативата според која изолацијата од 14 дена е задолжителна во случај на инфекција. Кој и да ја занемари е казнет со 500 долари, пренесува WSFA12.

Во Алабама во моментов има 38.962 потврдени случаи на коронавирус, а 972 луѓе починале, според базата на податоци на Њујорк Тајмс.