Што прават појадокот и утринското кафе со нашиот мозок?

133

Ново американско истражување го покажува ефектот од утринското кафе и појадок врз мозокот, објави “Дејли мејл”.

За целта професорот Расел Полдрак од Универзитетот Стенфорд се подложува на магнетна резонанца два пати неделно во текот на година половина, а се фокусира врз активноста на врските помеѓу поединечни единици.

Изненадувачки се испоставува дека недостатокот на кофеин ја засилува интеракцијата помеѓу моторните функции и видот.

“Ова можеби се добива, бидејќи сум уморен во овие денови и тоа доведува до состојба на мозокот, во која тој е фокусиран на основните процеси”, објаснува професорот.

Податоците на Полдрак, кој веќе има најмногу истражуван мозок во светот, остануваат релативно отпорни низ сите 18 месеци.

Тоа го предизвика прашањето дали ова ќе е така кај луѓе со невролошки проблеми. Во моментов тимот зад истражувањето се ангажирал со дополнителни истражувања врз огромната база на податоци.

“Постојат многу интересни работи. Различните видови на поврзување и влијанието на гените во мозокот и крвта се таму, но сепак постои начин многу од нив да бидат разбрани при сегашното ниво на невронауките“, раскажува Полдрак.