Бразилскиот Амазон доживува најлоши шумски пожари во последните 13 години | Видео

1247

Бразилскиот Национален институт за свемирски истражувања регистрираше повеќе од 2.200 пожари за време на прегледот на сателитските снимки во регионот Амазон во мај, пренесе „Н1“.

Според институтот, тоа е скоро 20 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година и претставува најголем број пожари забележани од 2007 година.

Повеќе од 2.000 квадратни километри шума беа уништени меѓу јануари и мај годинава.

Со почетокот на сезоната на суша во Амазон, експертите и активистите за животна средина обично го огласуваат алармот. Се претпоставува дека годинава, поради пандемијата на коронавирус, надлежните не го следеле овој проблем поблиску, односно како и обично.