Речиси нема човек кој не јаде домати. Денес, црвениот плод, слави празник откако овој датум е избран од Министерството за земјоделство во САД.
По тој повод, компанијата за онлајн нарачки на храна foodpanda избрани интересни и корисни факти кои се непознати, за доматите.
Доматите се многу здрави, но нивните лисја се токсични. Во 93% од американските домаќинства, каде се развива градинарство, се одгледуваат домати. Најголемите производители на домати во светот се Кина, следена од САД, Турција, Индија и Египет.
Потеклото на доматите се смета дека е од Перу. Доматите доаѓаат во Европа во 1500 година кога Французите ги нарекуваат “јаболко на љубовта”или “јаболкото на рајот.” Познати се 25 000 сорти домати, а одделни негови братучеди се модриот патлиџан, компирите, црвениот пипер.

Најтешкиот домат е измерен во 1986 година, и тежел 3.51 кг. Доматот е плод. Официјалниот пијалок во Охајо е сок од домати. Во Италија се одржува борба со домати, каде се собираат над 30 000 учесници. 45 држави во светот организираат фестивали за доматот
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















