Знаците дека мажот е подготвен за сериозна врска

169

Наметнатото верување е дека жените се оние кои копнеат за стабилни односи и бел фустан, додека мажите се токму на спротивниот пол -тие се радуваат на необврзувачки афери и доживуваат ужас од помислата дека некогаш ќе се оженат.

Се разбира, овие клишеа не се појавиле случајно. Дури иако тврдењата се малку претерани факт е дека еден маж многу потешко се решава да има навистина сериозна врска.

Ако во моментов вие се наоѓате во средината на токму таква драма: “Сака ли тој да биде со мене?”, Дознајте кои се знаците кои докажуваат дека партнерот веќе е подготвен да го користи зборот “ние”, наместо “јас”:

Тој ве запознава со родителите

Веќе може да бидете навистина сигурни – откако партнерот посакал да се запознаете со неговите родители, значи тој гледа сериозно на вашите односи. Средбата со родителите е важен момент во секоја врска. Веќе сè е официјално, дури и со “благослов”.

Тој не се обидува да ве “крие”

Откако партнерот сака да го придружувате на многу и различни места, значи тој е подготвен да ве воведе во секоја сфера на животот. Тоа е добар знак, бидејќи значи дека ве прифаќа вас и вашата врска сериозно. Значи дека е заинтересиран и дека дефинитивно има чувства кон вас.

Тој е подготвен да направи промени заради вас

Кога еден маж мисли дека е обврзан сериозно, тој е подготвен на промени во името на љубовта. Значи, ако гледате дека партнерот се согласува со вас и прави повеќе компромиси, тоа дефинитивно е добар знак.

Тој ги знае работите кои ви се допаѓаат

Нема потреба да кажете на кој начин го сакате вашето кафе или пак која е вашата омилена храна, бидејќи партнерот веќе го знае ова. Ако мажот со кого имате врска, вложува напори да ја запамети секоја информација поврзана со вас, значи тој има сериозни намери и навистина ја гледа својата иднина со вас.

Тој користи “ние”, наместо “јас”

Ова е еден од најочигледните, но и сигурни знаци дека вашиот маж веќе гледа сериозно на вашата врска. Тој веќе употребува повеќе “ние”, наместо “јас”, како и прави планови за вас двајцата, а не само за себе.