Знаете ли дека… јајце-клетката е најголемата клетка во човековото тело?

131

Знаете ли дека при секс за време на месечен циклус жената може да зачне, бидејќи сперматозоидите можат да преживеат во текот на една недела?

Еве некои интересни и малку познати факти за менструацијата.

Една жена може да искористи речиси 11 400 тампони за сите години во кои има месечен циклус.

Во 1946 година Walt Disney прави филм насловен “Историјата на менструацијата”. Ова најверојатно е првиот филм во кој се користи зборот “вагина”.

Излегува дека не само човечките суштества и особено жените поминуваат низ менопауза. Таа се среќава и кај цицачи како слонови и китови.

Пушењето може да е причина за рано прекинување на месечниот циклус и раното настапување на менопаузата.

За време на месечниот циклус жената губи околу половина чаша крв, вклучувајќи и згрутчувања.

Менструално крварење има тенденција да биде потешко и продолжено за време на зимските месеци.

Дали сте знаеле дека се смета дека менструалната крв може да лекува брадавици, породилни дамки, гихт, гушење, хемороиди?

Кога девојчињата ќе се родат во утробата имаат околу два милиони јајца. До пубертетот ќе имаат околу 40 000, од ​​кои помалку од 500 можат да созреат.

Јајце-клетката е најголемата клетка во човечкото тело.

До навршувањето на околу 18-годишна возраст, нерегуларниот менструален циклус е честа појава, бидејќи половиот систем се уште се гради и усовршува.

Олигоменорејата е термин со кој се нарекува онаа состојба кај жените, при што тие имаат почеста менструација од нормалното.

Во древниот Египет жените користеле омекнат папирус како улошка.

Модерните улошки се дело на д-р Ерл Хас. Ова се случува во 1929 година, а што првично се наречени “менструални уреди”.