Вака изгледа кондом за орален секс

132

Оралниот кондом или денталната брана е многу тенка мека пластика која се става на вагината или анусот.

Здравствените стручњаци предупредуваат дека тој треба да го користат сите кои практикуваат орален секс, особено ако не се познаваат добро со партнерот.

Овој вид кондом штити од полово преносливи болести за време на оралниот секс. Инфекциите кои обично се шират по тој пат се гонореја, генитален херпес и сифилис. Поретко, но постои ризик и од хламидија, хепатитис А, Б и Ц, генитални брадавици, а можно е да се пренесат и срамни вошки.

Овој кондом е на база на вода и силикон, а не е препорачано да се користат маслени модели.

Може да се купат и со различни вкусови. Инаку, оралниот кондом ни малку не личи на класичниот, туку повеќе изгледа како марамче со кое се прекрива вагината. Она што е најважно – никогаш не го превртувајте кондомот од другата страна по користењето.