Бебе се родило држејќи ја в рака спиралата на неговата мајка

227

Луси Хелен од Алабама била изненадена откако забременила неколку седмици по вградувањето спирала, но вистинскиот шок следел по породувањето.

Најироничната фотографија на светот, на која штотуку роденото бебе во рачето ја држи спиралата, стана хит на интернет, а само на Фејсбук досега е споделена повеќе од 70.000 пати.

Верниците пак, водушевено коментираат дека малото момче е доказ дека Бог постои.

Луси лани ја вградила спиралата, а забременила веднаш потоа. Девет месеци подоцна се појавило бебето со „трофејот в рака“.

Иако очигледно, бременоста била непланирана, Луси вели дека е среќна, но и дека ова и е последно дете.