Овие три работи се клучот за успешна врска! Сексот не е еден од нив

247

Сексот и интимноста се значајни за вистинска и целосна врска. Но има и дневни навики кои ја продлабочуваат уште повеќе блискоста меѓу двајца вљубени лица.

И овие работи немаат ништо заедничко со сексот. Тие се на друго ниво и ја дополнуваат интимноста на еден емоционален начин.

Кои се трите работи кои паровите ја прават успешна и стабилна врската?

Вежбаат заедно

Спортот ги поврзува луѓето на друго ниво. Кога и двајцата партнери се трудат да изгледаат добро за себе и за другиот и најчесто тоа го прават заедно, тие внесуваат во нивната врска -совршенство. Да чувствуваш како срцето ти чука истовремено во еден ритам со тоа на партнерот тој миг е неповторлив.

Покрај тоа спортот го зголемува нивото на хормоните на среќата. Кога сте двајцата сте заедно се прелева енергија и серотонин, така љубовта станува посилна.

Готват заедно

Готвењето е интимен ритуал кој ги сплотува луѓето и им дава топлина и смисла да продолжат понатаму. Храната е извор на љубов, на чувство на комфорт, вистинско добро. Успешните парови не само јадат заедно – тие ја подготвуваат храната заедно и уживаат во секој момент поминат во овој вкусен и сплотувачки ритуал.

Одмораат заедно

Некои може и да приговораат и да кажат дека исто одмораат заедно со партнерот, но имаат безброј проблеми во врската. Тука не станува збор за одење на одмор еднаш во годината по дифолт, едноставно затоа што “така го прават луѓето”.

Станува збор за тоа да патуваат заедно, да одат на викенд и со задоволство да ја проголтуваат секоја минута заедно. Да одмарате од време на време, дури и за ден-два заедно е од огромно значење за врската. Не дозволувајте да стигнете до точка во која навистина ќе го правите тоа како обврска еднаш годишно за една недела. Успешните парови не прават така.

Времето поминато заедно е драгоцено. Тоа дава најголема интимност. А ако се занимавате и со нешто пријатно заедно – врската нема да има цена!