Научниците велат дека за првпат успеале да им помогнат на жените со тешка анорексија со терапија со вградени електроди во мозокот.
Техниката е во експериментална фаза и само некои пациенти имале подобрување, но терапијата се појави како ветувачка, пишува медицинскиот магазин „Ланцет”.
По девет месеци 3 од 6 пациенти подложени на новиот метод ја зголемиле тежината и се со подобра состојба на духот, велат од тимот експерти од САД и од Канада.
Техниката се состои во стимулација (DBS), а резултатите кај три од третираните со неа пациенти, односно подобрувањето е поврзано и со целосниот квалитет на живот, надминување на неврози и вознемиреност поврзани со анорексија, како и зголемување на телесната тежина.
Кај другите не се забележани особено подобрување, но кај некои од нив имало контраиндикации / пример жена со напади /. Anorexia nervosa е хронична болест којашто влијае речиси на 1% од луѓето. Таа се среќава најчесто кај девојки меѓу 15 и 19 години.
Тоа е едно од психичките болести со највисока смртност – меѓу 6 и 11% и е меѓу најтешките за лекување. Методот кој го нудат научниците е преку имплантација на електроди во оние делови на мозокот одговорни за регулирање на емоциите .



















