Најдобрите пријатели делат се, па дури и мозочни бранови

1221

Пријател ќе ви помогне да преместите работи, а добар пријател ќе ви помогне да го преместите телото.

Моралните прашања на страна. Добар пријател многу веројатно ќе се согласи со вас дека вашата жртва била грозна личност која тоа и го заслужила.

Експертите веќе подолго време знаат дека луѓето за пријатели ги бираат оние кои личат на нив без разлика дали се слични по години, раса, вероисповед, општествено-економски статус, образование, политички ставови, физичка убавина, па дури и јачина на стискањето рака.

Новите истражувања покажуваат дека корените на пријателствата се подлабоки отколку што се сметало до сега.

Научниците откриле дека мозокот на близок пријател на извонредно сличен начин реагира на низа кратки настани – ист раст и падови на внимание, ист начин на процесуирање, исто ниво на здодевност. Невролошките шаблони на теми, кои се движат од страст кон фудбалот, па до однесување на вода или во воздухот, се послични меѓу пријателите, отколку меѓу луѓето кои не се пријатели.

Експертите можеле да ја проценат сила на врска меѓу две лица врз основа на скенирање на нивните мозоци.

– Бев неверојатно изненадена од сличноста меѓу пријателите, вели Каролин Паркинсон, когнитивен научник од Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес (УКЛА). – Резултатите беа поубедливи отколку што мислев, додава Паркинсон.

Таа и нејзини колеги од колеџот Дармут во Њу Хемшир објавија резултати од своите истражување во магазинот „Нејчер Комјуникејшн“.

– Мислам дека тоа е исклучителна работа, вели Николас Кристијакис, биосоциолог на Јејл и автор на книгата „Connected: The Power of Our Social Networks and How They Shape Our World“. – Ова укажува дека пријателите личат едни на други и тоа не само површно, туку и со самите структури на нивните мозоци, вели тој.

Откритијата нудат и вознемирувачки докази дека пријателството е многу повеќе од она на Фејсбук. Во прашање е она што можеме да го наречеме добра хемија.

– Нашите резултати покажуват дека пријателите можат да бидат слични во начин како посветуваат внимание на светот и го процесуираат, вели Каролин Паркинсон. – Тоа заедничко процесуирање им помага на луѓето полесно да се поврзат и имаат добра општествена интеракција, додава таа.

Кевин Очснер, когнитивен неуронаучник на Университетот „Колумбија“, кој ги проучува социјалните мрежи, вели дека новиот извештај е „проактивен“ и поставува повеќе прашања отколу што дава одговор. Можно е овде да видиме траги на „неописиви заеднчки реалности меѓу пријателите“. Тој нуди сопствената приказна за влијанието на хемијата врз биографијата.

– Мојата идна сопруга и јас сме неуронаучници, двајцата сме биле на исти сајтови за забава, но никогаш не не споиле. Потоа се сретнавме како колеги и во рок од две минути знаевме дека имаме хемија од која се раѓа пријателство, вели тој.

Новата студија е дел од се поголемото интересирање на научните кругови за природата, структурата и еволуцијата на пријателството.

Зад ентузијазмот е вистинска планина од демграфски докази дека да се биде без пријатели може да биде отровно со психички и емотивен ризик за здравјето, што може да се спореди со висок крвен притисок, невработеност, недоволна физичка активност и пушење.

Научниците сакаат да дознаат зошто пријателствата се толку здрави, а општествената изолација толку штетна.

Кристакис и неговите соработници неодамна покажаа со силни социјални врски имаат помалку концентрација на фибриноген, протеин што се поврзува со хронични воспаленија што се извор на многу болести. Не е јасно како дружељубивоста помага во воспаление.

Џералд Картер од Институт за тропски истражувања во Панама и негови колеги лани пријавиле дека женки лилјаци негуваат блиски пријателства со други женки и во тешки времиња со нив споделуваат оброк. Тоа е чин на спасување живот за животни кои не можат да преживеат повеќе од еден ден без храна.

Во новото истражување Паркинсон нагласува дека студијата била „прв чекор и доказ за концепт“ и дека таа и нејзините колеги и понатаму незнаат што значат тие невролошки шаблони. – какви стравови, импулси и превирања може да ги регистрира скенот.

Планот им е да се обидат со експериментот наназад, да скенираат студенти кои се уште не се познаваат и да видат дали оние со најслични невролошки шаблони ќе станат добри пријатели.