Почина Билјана Беличанец

3277

Билјана Беличанец – Алексиќ (Скопје, 25 јули 1973 – 6 април 2019) — македонска театарска, телевизиска и филмска актерка.

Во периодот од 2013 до 2017 година ја извршувала функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода.

Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје. До сега реализира бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други инстутуции и проекти.