Неквалитетен сон
Нередовниот секс не е нужно одговорен за неквалитетен сон, но научно е докажано дека квалитетен и редовен секс значително го подобруваат квалитетот на спиењето. Поточно, хормоните кои се опуштаат за време и по секс, благотворно делуваат на телото, па човекот заспива во блажена состојба. Благодарение на процесите во телото, подобро се одмара и телото убаво се обновува. Значи, ако ве мачат несоници, и се будите со темни кругови до подот, знаете што треба да правите 🙂 …
Недостаток на самодоверба
Освен физичкоto задоволство, објаснуваат психолозите, сексот го сакаме и затоа што се чувствуваме добро после него. Тие изјави ги потврдуваат и бројни студии. Иако не може точно да се објасни зошто редовниот секс ја зголемува самодовербата, се претпоставува дека тоа се должи на чувството на блискост и припаѓање кои сексот ги носи со себе. Тоа се емоции својствени за секое човечко битие и сосема е природно сите да ги сакаат. Од друга страна, ако во животот на човекот нема доволно секс, голема е веројатноста дека ќе нема доволно доверба.
Слаба концентрација и лоши дневни резултати
Луѓето кои имаат редовен сексуален живот многу се поефикасни и на работа, потврдиле пред две години, холандски научници. Само затоа што хормоните кои се ослободуваат за време на секс, а кои имаат големо влијание врз човечката психа и здравје, полесно е да се постигне добра концентрација, а со тоа подобра ефикасност на работа. Таквите резултати не биле забележани кај луѓето кои имаат нередовен сексуален живот. Напротив, концентрацијата кај нив била на многу пониско ниво.


















