Поема за Вера и Венера – Ѓорѓи Калајџиев

4808

Поема за Вера и Венера

КАКО ЛОШИ ЈАБАНЏИКИ
СЕ СКАРАЛЕ ДВЕ КОМШИКИ,
ДВЕ КОМШИКИ – АЈВЕРЏИКИ,
АЈВЕРЏИКИ – КАВГАЏИКИ.
ЕДНАТА СЕ ВИКАЛА ВЕРА,
А ПА ДРУГАТА – ВЕНЕРА,
И ДА ГИ РАЗБЕРЕ СВЕТО
СЕ КАРАЛЕ ПРЕКО ПЛЕТО.
– ВЕНЕРООО, НА МЕНЕ МИ КАЖАЛЕ
И СТАРО И МЛАДО
ОТИ МОЈО АЈВЕР
Е НАЈАРАН У ГРАДО.
– МАЛЕ ВЕРО, МАЛЕЕ
СИГУРНО ТЕ ЅИФКАЛЕ,
КОЈ ГОО ПРУБАЛ МОЈО
НЕ МУ ТЕКНУВА ЗА ТВОЈО.
– БОЖЕ, БОЖЕЕ, ДАЛИ Е ТАВА СТВАРНО,
НА ТЕБЕ ВЕНЕРО НЕ ТЕЕ АРНО,
ТИ ДУ ЧЕРА СИ НЕМАШЕ АБЕР,
ЈАС ТЕ УЧИХ КА СЕ ПРАВА АЈВЕР.
– ЕГИДИ ВЕРО, ТИ СИ СЕ МРДНАЛА,
ТАВА СИГУРНО СИ ГО СОНУВАЛА,
ТИ СИ НОГО БОЛНА ЛАЖАЧКА,
НЕК ТЕ НОСАТ ПРАВО НА БАЈАЧКА.
– ЌУТИ МУРИ, АЈДЕ ДОСТА,
ТИ СИ БИЛА НОГО ПРОСТА,
ЈАС САМ MА ЗА ТЕБ ВЕНЕРО
МАЈСТОРИЦА НА АЈВЕРО.
– ТИ МАЈСТОРИЦА!? ЌЕ СИ УМРАМ УТ МАКА,
МИ ИДЕ ДА СЕ КРСТАМ С`С ЛЕВАТА РАКА.
НЕ СЕ ПРАЈ ГУЛЕМА ЅВЕРКА,
КА СИ ВЕРКА АМАТЕРКА.
– БЕЃИ МУРИ ТАМ ВЕНЕРО,
ДА ТИ СЕ СНЕВИДЕ И АЈВЕРО,
НА ШО САКАШ ДА СЕ КЛАДАМЕ
ОТИ УТ ВАС ПОВЕЌЕ ТЕГЛИ ВАДАМЕ.
– А НИИ УТ ВАС ИММЕ ПОАРНИ ЧУШКИ,
СЕКОО ГУДИНА СА ПРАВИ КАТУ ПУШКИ,
ЏААБЕ ЛУПОТАШ – А БРЕ ДЕ БЕ,
ВАШТЕ СА ЗБРЧКАНИ КАТУ ТЕБЕ.
– ГЛЕДИ МУРИ ДЕБЕЛА КРАВО
ОГИНО НЕ ТИ ТЕГЛЕ ПРАВО.
НИИ ГОРАМЕ ДРВА И КАДРОНЕ,
А ВИИ ВЕСНИЦИ И КАРТОНЕ.
– УТ ТЕБ ВЕРО СИЧКО ПОАРНО ПРАВАМ,
НА ЉУПЕЕНТО ЕДНА СЕМКА НЕ УСТАВАМ,
НЕ САМ КАТУ ТЕБЕ, АЈВЕРО ДА ГО ЗГРЕШАМ,
А И НОГО ПОАРНО УТ ТЕБЕ ГО МЕШАМ.
– НА ТЕБЕ ВЕНЕРО
НЕКОО РЕБРО ТЕ ЧЕШЕ
ПИТИ ГО ТВОЈ ВАНЧО
КОО УТ НАС ПОАРНО МЕШЕ.
– МУРИ ВЕРО – ГНАСНА ЧУМЕТИНО
ДА ДАА ГОСПОТ ДА ВИ ПЛИВНЕ ЗАЈТИНО,
ВИИ ПУ ДОМА СИТЕ СТЕ ПРОСТАЦИ,
ЕГА ДА ВИ ПРВРТУВАТ СИТЕ КАПАЦИ.
А НА ТАЈ ТВОЈО МАШ КРСТО
МЕЛНИЦАТА ДА МУ ГО ФАНЕ ПРСТО,
ПА ДА ТЕ ВИДАМ, КА ТОЛКО НОГО ЗНААШ
БЕЗ СРЕДНИО МУ ПРСТ ШО ЌЕ ПРААШ.
– А ТИ ВЕНЕРО ЧИМ ЗНААШ
ТОЛКО КЛЕТВИ ДА РЕДАШ,
САА ЕДНА БРКАЉКА
У ГЛАВАТА ЌЕ ИЗЕДАШ.
ТОЛКО НОГО СЕ СКАРАЛЕ
И ЗА КОСИ СЕ ФАНАЛЕ,
УТ УРЕЛ НА БУДЕЛ
АЈВЕРО ИМ ЗАГУРЕЛ.
КАКО ЛОШИ ЈАБАНЏИКИ
СЕ СКАРАЛЕ ДВЕ КОМШИКИ,
ДВЕ КОМШИКИ – АЈВЕРЏИКИ,
АЈВЕРЏИКИ – КАВГАЏИКИ.
ПА МИ ВИКА ЕДЕН ДЕДО ПЕРО:
– НЕ Е СИНЧЕ ДУ АЈВЕРО,
ВЕРА Е СДСМОВКА
А ВЕНЕРА – ВМРОВКА.

Ѓорѓи Калајџиев

Ѓорѓи Калајџиев – Поема за Вера и Венера КАКО ЛОШИ ЈАБАНЏИКИСЕ СКАРАЛЕ ДВЕ КОМШИКИ,ДВЕ КОМШИКИ -…

Gepostet von Strumica Online am Dienstag, 27. September 2016