Сексуалната желба кај жените доаѓа со ситоста

1575

Американски научници отркиле како да се разбуди сексуалната желба кај жената.

Излегува дека ситите жени реагираат посилно на романтичните сигнали од гладните.

Во истражувањето учествувале 20 жени кои биле замолени да не јадат пред експериментот.

Отпрвин им покажале серија од неутрални и романтични слики. Потоа им дале да испијат пијалок од 500 калории и повторно им ги покажале интимните фотографии. Истражувачите забележале дека учесничките реагирале посилно на сликите по примањето на храна. Според научниците ова сведочи дека во присуство на награди во мозокот се активираат слични нервни кола кои комуницираат.

Едниот вид награди (во дадениот случај храната) ги прави другите видови награди попривлечни и пожелни.

Покрај тоа физичката непријатност е некомпатибилна со сексуалната желба. Сепак експертите предупредуваат да не се претерува со јадењето ида не доаѓа до прејадување, што, пак може да влијае негативно на бројни индикатори, вклучувајќи ги и сексуалните.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.