Кинескиот воз „Maglev“ со 600 km/h успешно тестиран | Видео

1103

Кинеските експерти успешно ги реализираа првите тест-возења на специјалниот брз воз. Возењето е спроведено на патека која е дел од програмата на Универзитетот Tchung-ti во Шангај.

Возот е осмислен така да лебди над подлогата со брзина од 600 km/h. Според Reuters, оваа фаза претставува важна пресвртница во истражувањето за развојот на возот „Maglev“ (кратенка за магнетна левитација) во Кина.

Експертите извеле динамичен тест за работа во различни услови, со што биле проверени перформансите на системот за голема брзина и собрале многу корисни податоци за понатамошни тестови.

Овој прототип се очекува да биде целосно завршен до крајот на оваа година. „Maglev“ е воз кој лебди 10 см над земјата на принципот на магнетна левитација односно се движи по перница на магнетно поле создадено од систем на магнети вградени во колосекот, а наместо тркала, тој има посебен систем на магнети.

Нуди голема брзина, безбедност, сигурност, голем патнички капацитет, заштита на животната средина и ниски трошоци за одржување, пренесува Reuters. Возот ќе може да се користи за превоз на патници на долги, кратки и средни растојанија.

„Maglev“ треба да послужи како компромис помеѓу традиционалниот железнички сообраќај и воздушниот транспорт. Брзината што ја развива „Maglev“ е 600 км на час, со што се приближува се до брзината на авион, која во просек е од 800 до 900 km/h.

Развојот на овој транспортен систем е дел од проектот „Напреден железнички транзит“, кој инициран од кинеското Министерство за наука и технологија. Десетици компании и истражувачки институти се вклучени во целиот проект.