Промената во пушачката кашлица е многу сериозен сигнал

1159

Промената во пушачката кашлица е многу сериозен сигнал, при што луѓето треба да побараат лекарска помош. Тоа не е само бронхитис и е еден од главните симптоми за присуство на рак на белите дробови.

Не треба сепак да се слушаат лекарите кои при дијагностицирање на оваа болест му велат на пациентот дека тој нема никакво време и веднаш треба да биде опериран. Не е нормално и не треба да се верува на луѓе кои препорачуваат операција само од една рендгенска слика.

Препораката упати во интервју за Дарик бугарскиот хирург, проф. Даниел Петров.

“Јас мислам дека и пушењето и генетската предиспозиција се исклучително важни фактори за развој на рак на белите дробови. На мене сепак секогаш ми беше смешно кога некој ми каже: ”Кажи им на моите блиски да не пушат“. Секој од нас знае што предизвикува пушењето. Се разбира, ракот на белите дробови е на задна место, во споредба со кардиоваскуларните заболувања, но цигарите се исто ризичен фактор кој може да се контролира. Ем се бориме со пушењето, ем тоа си постои по ред причини, кои се познати – мултимилиарден бизнис“, коментира експертот.

“При откривање на рак на белите дробови има извесно одложување,кое се открива во подоцнежна фаза и обично лекарите велат: ”Немаш никакво време, треба да бидеш опериран веднаш или треба да ти започне лекувањето на оној ден“. Тоа не одговара на вистината. Тоа е факт само ако има опасни по живот компликации. Во овој момент, пациентот треба да биде дијагностициран, да се земе материјал од туморот, да се утврди видот на овој тумор, што е исклучително важно при последователното однесување – било хирургија, било хемотерапија. Овие работи треба да бидат направени брзо, без одложување“, рече проф. Петров.

“Но не верувајте им на луѓето кои ви велат: ”Веднаш треба да бидете оперирани“ со една рендгенска слика. Тоа не е нормално, тоа доведува до компликации, тоа доведува до неправилно лекување“, додаде тој.