Во последните години во култ беа издигнати големите гради. Ставањето на силикон веќе е доста прифатливо, но и тоа има доста лоши страни.
А, сепак многу жени копнеат да имаат поголеми гради и би дале сè за тоа да го постигнат, но по можност без интервенција на скалпот.
Можно ли е?
Постојат некои мали трикови кои можат да ви ги зголемат градите, но не се надевајте на чуда. Еве и каде може да започнете:
Специјална диета
Вклучете во менито ленено семе, семе од анасон и фенугрик. Мешунките и сојата се исто така многу корисни за формите на градите.
Масажи
Масирањето на градите го зголемува протокот на крв во овој дел од телото. Ова доведува до засилен проток на хормони во градите и зголемување на големината. Користете ароматични масла, за да не ја претриете кожата и да не ја повредите.
Вежби
Постојат специфични вежби кои водат до јакнење и развивање на рамената и градите. Побарајте совет од специјалист.
Градник
Со него може да се постигне оптичка измама, но пак кој не лаже во денешно време? Убавата долна облека прави чуда за изгледот и самодовербата.
Соодветна облека
Ако имате тенка половина и рамен стомак, обложете се на тесна облека која ќе ја потенцира разликата помеѓу нив и градите. Внимавајте со деколтеата. Во присуство на соодветен градник, може да си дозволите посекси деколте кое сепак ќе го крие градникот или пак да се обложите на горна облека тип поло која заташкува сè и не се гледа која е точно големината на градите.
Шминка
Шминката не е белег само за лицето. Ако носите облека со големо деколте, може да користите руменило и пудра за создавање на нијанси и светли сенки врз телото, кои ќе ги изострат и истакнуваат облините на градите.



















