Ја јадете често и со сласт, но оваа храна повеќе го зголемува холестеролот од сланината | Нутриционистите со важно предупредување

404

Иако сакате да ги јадете, тие не се здрави за вашиот организам. Дознајте повеќе која храна лошо влијае на холестеролот.

Бидејќи придонесува за ситост и дава енергија, сланината е многу баран производ иако предизвикува грижа на совест поради страв од маснотии и мозочен удар. Сепак, морската храна содржи повеќе холестерол од сланината, изјави за РТС нутриционистот и диететичар Милка Раичевиќ.

Морската храна е опасна

„Сланината содржи само два отсто лоши незаситени масти, а има три пати повеќе мононезаситени масни киселини од морската храна“, објасни нутриционистот.

  • „Нашиот организам е компјутер. Тој знае колку се труди да го зачува тоа сало. Следниот пат кога ќе одите на диета, имајте на ум дека тој вага, собира и не дозволува салото лесно да се ослободи од организмот“, нагласи Раичевиќ.

Важен метод на подготовка

„Кога готвите сланина, отстранете ја почетната маснотија. Полесно е термички да се обработи сланината кога ќе ја просушите“, објаснува нутриционистот.

Најновото истражување покажува дека исхраната богата со масти го стимулира центарот во мозокот одговорен за задоволство. Можеби нема да станеме зависни, но секое уживање во храната може да нé доведе до претерување, пренесува РТС.