Чудесна пилула ќе не спасува од дебелина

102

Пилула-чудо ќе не спасува од дебелината, која претставува еден од најголемите удари на современото општество. Тоа е на пат да стане реалност, откако јапонските специјалисти откриле гени на дебелината, пишува “Дејли експрес”.

Откритието на истражувачите од Институтот за наука и технологија во Окинава објаснува како некои луѓе можат да ја задржат витка фигура, иако се прејадуваат со нездрава храна.

Истражувањето направено врз глувци, покажува како глодарите остануваат слаби дури и после прејадување.

Ефектот се должи на високите концентрации на генот познат како Ucp1 кој штити од акумулацијата на непотребна тежина, претворајќи ги мастите во енергија. Истовремено кај дебелите глувци се забележани покачени концентрации на два други гена на дебелината – Cnot и Tob.

Предметните гени ги одржуваат штетните бели масти и истовремено штетат на корисните кафеави масти во телото, кој одделува големи количества енергија, прегорувајќи ги калориите, и штити од дебелеење.

Следната цел на научниците е развојот на пилула-чудо, која ги обесхрабрува функциите на гените Cnot и Tob кои ја спречуваат конверзијата на мастите во енергија и помагаат за дебелеење.