Козметички совети за совршено селфи

133

Селфи кадрите се постојано околу нас, како од пријателите, така и од нашите омилени познати личности.

Разликата помеѓу личните фотографии и оние на ѕвездите обично се наоѓа некаде помеѓу професионалните стилисти, фризери и шминкери кои стојат зад познатите имиња.

Сепак, тимот на холивудските лица не треба да нѐ запира да изгледаме убаво, дури напротив – инспирирајте се, бидејќи постојат начини да се направи совршено селфи.

Еве како.

1. Фокусирајте се на веѓите

Добро е да се погрижите добро за своите веѓи, бидејќи тие можат за кратко време да го обликуваат целокупниот поглед. За целта, поставете убава форма и користете сенки, со кои ќе се пополнат евентуалните разлики во густината.

2. Истакнете ги очите

Неможноста да процените каква ќе биде светлината додека се фотографирате во никој случај не треба да ве плаши. Обложете се на најсигурното и ставете неколку слоја маскара за трепки и убава очна линија. Така погледот ќе го издвоите и вешто ќе фокусирате на него.

3. Не пропуштајте руменило

Клучот за прекрасниот изглед на фотографиите е да имате боја на лицето. Ако е искористен правилно, ружот е оној козметички производ кој за неколку секунди нѐ прави да изгледаме свежи и здрави. Изберете соодветен според кожата и фокусирајте на јаболчниците.

4. Кармин

Малку боја на усните може да создаде чуда или барем да ја избегнете веројатноста да изгледате како “проплакнати”. Користете природни нијанси, но ако сакате да го привлечете вниманието со совршена форма, изберете црвено.