Геномската сличност на мачките ги прави едноставни модели за проучување на човечки болести.
Мачките имаат геноми структурирани на ист начин како и луѓето, пишува списанието Trends in Genetics. Авторот на студијата Leslie Lyons, ветеринар специјализиран за генетика на мачки на Универзитетот во Missouri, вели дека научната заедница не ги цени доволно мачките и дека оваа уникатна особина не ја користеле научниците, па затоа повеќе ги студираат глувците и кучињата.
Кучињата и глувците имаат хромозоми кои се промениле во текот на нивната еволутивна историја, што ги прави посложени за употреба како генетски аналози за нашите видови.
Геномската сличност на мачките ги прави едноставни модели за проучување на човечки болести.
„Бидејќи откриваме дека животните може да имаат повеќе слично растојание помеѓу гените и дека гените се од ист ред, може да ни помогне да дешифрираме што се случува со луѓето“, вели Lyons. „Работата со примати е поскапа, но пристапноста и послушноста на мачките ги прави едно од најприфатливите животни за работа на разбирање на човечкиот геном.“
Болести кај мачките што ги имаат и луѓето
New York Times пишува дека Lyons и нејзините соработници неодамна го објавиле најдеталниот геном на мачката што некогаш бил секвенциониран, дури и подетален од геномот на кучето.
Подобреното генетско разбирање за мачките може да доведе до развој на прецизен лек за генетски заболувања кај мачките, кој еден ден би можел да се претвори во генетска терапија за луѓето. Lyons вели, на пример, полицистична бубрежна болест, која е распространета кај некои раси на мачки, се јавува и кај луѓето. Доколку се открие дека генетскиот третман ја решава болеста кај мачките, може да понуди поим за развој на третман кај луѓето.
The Atlantic пишува дека мачките најверојатно нема да ги заменат глувците кои се поевтини за одгледување од лабораториските цицачи. Изборот на животинските гени што треба да се изучуваат не е или или.
„Се обидуваш да научиш сѐ што можеш за мал број организми и се разгрануваш обидувајќи се да научиш мали делови за поголем број видови“, се наглассува во The Atlantic.



















