Што сѐ изгубивме поради смартфоните

1178

Масовното навлегување на смартфоните на пазарот го промени целосно животот.

Веќе комуницираме различно, споделуваме различно, имаме различен однос кон информациите.

Кај сите нивни предности, сепак модерните телефони однесоа некои работи од нашето секојдневие. Меѓу нив се:

1. Точноста

Пред појавата на мобилните телефони луѓето имаа однос кон точноста како нешто важно при комуникацијата. Тие се стремеја да пристигнуваат навреме за состаноци и обврски. Денес удобноста на апликации како Viber ги тера повеќе луѓе да се извинуваат за доцнењата со претпоставка дека штом испратиле порака, доцнењето не е проблем.

2. Часовници

Во денешно време сме воодушевена од мултифункциски тајмери и заборавивме часовниците. А тие беа убави и стилски додатоци.

3. Меморијата

Во време во кое секоја информација може да биде пронајдено за секунди, многу луѓе се прашуваат зошто да паметат факти и датуми кога можат да се потпрат на Google.

4. Слободното време

Facebook и другите социјални мрежи буквално затворија живот на своите корисници, особено откако можат да уживаат преку апликации. За жал, сепак малкумина се замислуваат над оваа тажна вистина.

5. Географски карти

Благодарение на смартфоните и услуги како Google Maps, малкумина прибегнуваат кон услугите на географските карти, кои се печатени на хартија. Тие сепак имаа свој шарм.