Ви посакувам оваа година повеќе да има среќа со вас отколку предходната!

659

Денеска е прв ден. Почеток.

Ви посакувам да не ве боли она што ве болело, а да ве сака она што не ве сакало.

Сакам децата да бидат подобри од вас, вие повеќе да се фалите со нив отколку тие со вас.

Посакувам добро да ве служат нозете, на нив да го поминете поголемиот дел од новата година, и да имате повеќе работа отколку слободно време.

Сакам да им бидете потребни на другите отколку тие вам.

Да сакате и можете повеќе отколку што ви треба, а сѐ она што ќе ви дојде повеќе да го поделите со оние кои не можат како вие.

Не земајте повеќе отколку што можете да дадете.

Мислете малку на оние што ќе мора да им го земат она вам што ќе ви го дадат.

Сакам да добиете стан ако го немате или да умеете да се радувате ако го имате.

Она што го имате да не ви биде помалку од она што немате.

На карај, ви посакувам оваа година повеќе да има среќа со вас отоколку предходната.

Душко Радовиќ