Карта на “НАДАРЕНОСТ” | Каде во светот владеат најголемите пениси? Македонските не котираат лошо, но не е тоа тоа …

3220

Македонија се најде во групата земји со средна големина на пениси и го зазеде 63-тото место од вкупно 143 регистрирани земји.

Мислам дека нема маж во светот кој не си го измерил барем еднаш во животот.

Веб-страницата All sizes matter објави мапа на светот на која е прикажана просечната големина на пенисот.

Со розова боја се означени земјите со помал просек, виолетова со среден и сина со максимален. Македонија се најде во групата земји означени со виолетова боја и го зазеде 63. место од вкупно 143 регистрирани земји.

БиХ пред Хрватска, Србија и Македонија

За споредба, мажите од Еквадор имаат најголем пенис кој во просек е дури 17 сантиметри, а обемот е 13,4. Следува Гана со должина од 16,8 сантиметри и волумен од 12,8.

Што се однесува до соседите, Србите се на 34. место на светската мапа. Просечната големина на пенисот е 14,8 сантиметри, додека обемот е 12,7.

Босна и Херцеговина е на 25-то место, со просечна должина на пенисот од 15,3 сантиметри и обем од 12,1 сантиметри.

Од друга страна, Словенците завршија на 61 место од 143 земји. Имено, просечната должина на пенисот таму е 14 сантиметри, додека обемот е 11,7.

Големината на пенисот кај Хрватите е седум отсто поголема од просечната. Просечната должина е 14,8 сантиметри, а обемот 13.

Унгарците се на 38. место со 14,7 сантиметри должина.

Италијанците, пак, завршиле на далечното 121 место со просечна должина на пенис од 12,5 сантиметри и обем од 12,2 сантиметри.

Американците и Јапонците зад стотото место

„Понадарени“ Европејци се Холанѓаните со просечна големина на пенис од 15,4 сантиметри, како и Белгијците со 14,5 сантиметри.

Зад стотото место се Американците (105.), Јапонците (103.) и Тајланѓаните (140.).

Последното место го зазедоа мажите од Камбоџа, чии гениталии се долги 10,1 сантиметар, со обем од 11,1, што е за 26,8 отсто помалку од светскиот просек.