Научниците во САД пронашле нов вид субатомски честички

115

Науката напредува

X(5568) – Ова е името на новата субатомска честичка која ја открија научници, кои работат за Владата на САД.

Тие соопштија дека новите субатомски честички се од семејството тетракварк, кои ќе им помогнат подобро да го разберат тој микросвет.

Кваркови се честички кои се градежни блокови на субатомските честички, како што се неутроните и протоните. Во изминатите 60 години научниците ги набљудувале кварковите поврзани во групи од две или три честички, но во петокот е објавено дека прв пат забележале и тетракварк, кој се состои од четири различни кваркови.

Податоците за ова откритие пристигнале од Фермилаб, лабораторија специјализирана за физика на високоенергетски честички, која го финансира Одделението за енергетика на американската Влада.

Научниците дошле до откритието благодарение на податоците добиени во рамки на истражувањето Тевитрон, кое е прекинато во 2011 година. Тие имено продолжиле да ги испитуваат големиот број информации добиени од експериментот Тевитрон.