Оние видови на тешко проблематични типови, кои можат да бидат поделени во неколку категории како (нарцисоидни егоисти, психопати, манипулативни гадотии …) ќе работат на тоа да ви го скршат духот, да ве уценат, понижат, и да ви ја уништат самодовербата.
Тие се плашат да не ве изгубат и тврдат дека ве сакаат, и од нивна гледна точка тоа е исто, па секоја тактика им е дозволена да се осигураат дека ќе останете со нив. Тие се доволно насетуваат што би можела да биде љубов, да се повикуваат на неа кога манипулираат со вашите чувства и сметаат на вашата соработка.
Ако тој или таа изговараат некоја од следните реченици, не го игнорирајте овој предупредувачки знак и добро размислете за тоа со кого имате работа и колку ризикувате со продлабочување на таквиот однос.
Зошто некој друг би бил со тебе, освен заради сексот? Тоа е порака дека немате што да понудите и дека треба да сте благодарни за она што тој го сака и што ве зема под негова заштита – сите други само ќе сакаат да ве искористат.
Па што, како да е тоа некоја голема работа! Тој ја омаловажува секоја добра и благородна работа што сте ја направиле за него, исто како што го намалува значењето на некоја грубост, злоба, лага и предавство.
Ма, ти си луда! Не, нема ништо сомнително во неговото однесување, туку, вие сте луди, претерувате, драмите и сè друго што прават лудите жени, кога точно знаат дека нешто не е во ред и се сомневаат сосема оправдано.
Ќе се убијам ако ме оставиш; ќе им кажам на сите дека си работела (смислете сами што)
Отворената уцена знае да биде многу делотворна. Ќе ве држи на краток поводник, сметајќи дека вие сметате на неговата непресметливост. А тоа ќе трае сè додека не ви стане сосема сеедно што ќе стори или колку ќе ве посрамоти, зашто ништо не е толку страшно и понижувачко како неговиот терор.
Гледаш што си направила, ме присили …
Ваша е вината, ако тој е лут, вие сте го принудиле да ве удри (и полошо од тоа) тој е очаен што морал така да постапи, но немал избор, вие не сте биле добра девојка, не сте го послушале и ете ви сега, погледнете што сте направиле. Имате работа со опасен лудак, бегајте, спасувајте се.
Продолжува на страна 2