Не ме лути
Отворена манипулација со сопственото лудило. Знаете што ќе се случи кога тој е лут и вие сте виновни што го лутите. Тој не е толку луд, колку вие сте жртва на својот страв.
Ако ме сакаш, ќе го сториш тоа за мене
Ќе се согласиш на секс со некои негови пријатели на кои тој им должи пари? Бидејќи неговите барања се доста невообичаени и тој ја поставува равенката на целосна закана. Што ќе се случи, ако не направиш она што бара, и ако тоа значи дека не го сакаш? Тој ќе биде многу тажен или многу лут, а ти ќе бидеш виновна за тоа, бидејќи кога ќе го растажиш и налутиш, тој е подготвен на сѐшто и не одговара за своите постапки.
Мојата поранешна секогаш го праела тоа вака …
Од секс до местење постелнина – тој се обидува од вас да ја создаде својата поранешна, односно ве тера да се однесувате по моделот кој го усвоил, и кој единствено може да го прифати. Тој дури и не знае која сте вие и не му е гајле, му треба модел за кој е приврзан, вие само го пополнувате празното место и тој сака да ве научи како тоа се прави.
Не сакаш да бидам среќен
И ова обично е следено со некое понижувачко барање од кое ви се гади, одбивно ви е, ве плаши и ве збунува. Него навистина го прават среќен и го восхитуваат чудните ствари, а вие сте единствениот инструмент со кој тој доаѓа до нив. Се служи со вас како со вилушка кога забодуе во сочно парче месо, вашите чувства воопшто не го интересираат, освен што сака да завладее со вас, за да бидете употреблив инструмент.
Не можеш ти да бидеш сама, премногу си слаба
Ова многу вешто е насочено кон вашата слаба точка. Тој знае дека се плашите дека ќе останете сами и дека никој друг нема да ве сака и дека осаменоста ќе биде неверојатна и незамислива за вас. Вие не мора да бидете сами, психопати има колку што сакате и се лепат за вас. Но, затоа би било многу конструктивно некое време да бидете сами смислено и намерно и да се соочите со своите стравови, и да откриете дека осаменоста е помалку ужасна отколку врската со манијак.