Причината поради која ве советуваме да не ги спуштате ролетните во текот на денот

1919

Сончевата светлина што ја пуштате во станот помага во борбата против бактериите.

Иако со намера да ја сочувате приватноста, особено ако живеете во куќа или на долните катови од зградата, ролетните во текот на денот ги држите спуштени, но можеби ќе се предомислите по информацијата дека сонцето кое го пуштате низ прозорците во вашиот дом е добро за вашето здравје, и тоа не само заради витамин Д.

Science Daily објави статија во која се вели дека светлината што ја пуштате преку прозорците во вашиот дом може да убие бактерии во прашината и соодветно да ги намали респираторните проблеми.

Написот се повикува на истражувањето спроведено на Универзитетот во Орегон од тимот предводен од д-р Ashkaan Fahimipour.

Во три одделни простории, истражувачите изложиле бактерии во три различни услови. Едната просторија била во темница, другата изложена на сончева светлина, а третата на ултравиолетови зраци.

По 90 дена, истражувачите ги собрале и ги проучиле резултатите од секоја просторија. Се покажало дека постои поврзаност помеѓу изложеноста на светлина и бројот на бактерии во правта.

Темната просторија се покажала како поповолна за живеење и размножување на бактерии, во просек имало 12% повеќе. Во просториите изложени на дневна светлина и УВ светлина, само 6,8% односно 6,1% од бактериите биле одржливи.

Покрај тоа, бактериите од темната просторија биле повеќе поврзани со предизвикување на респираторни проблеми отколку бактериите од другите две простории.

Од ова заклучуваме дека витаминот Д не е единствената придобивка што ја добиваме од сончевата светлина. Таа може да ни помогне да ги спречиме респираторните заболувања.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.