Пијалаци за слабеење

154

Во борбата со вишокот килограми често погледнуваме кон трикови за слабеење на холивудските ѕвезди.

Денеска ги споделуваме здравите пијалоци за слабеење на Гвинет Палтроу.

Актерката, која има совршен изглед и го започнува секој свој ден со многу енергија, благодарение на состојките богати со важни хранливи елементи, но и такви кои помагаат за согорување на вишокот на масти.

Сок со зелка

Овој свеж пијалок ќе ве тонизира речиси како чаша кафе или чај. Состојките во него се богати со калциум и антиоксиданси, витамин Ц, влакна.

  • 5 големи листови кељ
  • 1 излупен лимон
  • 1 големо исчистено јаболко
  • 2,5 цм свеж ѓумбир
  • неколку листови свежо нане

Подготовка

Сите состојки се ставаат во блендер и кон нив се додаваат 120 мл вода. По желба може да си направите сок со помош на соковник.

Бадемов пијалок

Пијалок богат со витамин Е и А, кој ќе се грижи не само за вашата форма, но и за добрата состојба на кожата и косата, бидејќи ги содржи најважните витамини за убавина.

Потребни состојки

  • 75 грама зелка кељ
  • 240 мл незасладено бадемово млеко
  • 1 лажица бадемово масло (за јадење)
  • 1 лажица сурови бадеми
  • 1 урма
  • 1 лажица кокосово масло

Сите состојки се ставаат во блендер и се мелат до добивање на хомогена смеса.

Пијалок со гоџи бери

Следните состојки изобилуваат од витамини и антиоксиданси. Тие не само што ќе ве наполнат со енергија, но и ќе го забават процесот на стареење.

Еве што ќе ви биде потребно:

  • 1 лажичка гоџи бери, натопено во вода за една ноќ и исцедено
  • 40 г свежи или замрзнати малини
  • 3 големи свежи јагоди или неколку замрзнати
  • 1 лажица мед од манука
  • 3 лажици јогурт
  • 1 лажица кокосово масло
  • 240 мл незасладено бадемово млеко

Сите состојки се ставаат во блендер и се мелат до добивање на хомогена смеса.