ЦРНА МАГИЈА НА АНГЛИСКИОТ ДВОР | Рентгенски зраци откриле злобна тајна

1251

Jon Dee бил познат научник во своето време, дури ѝ предавал математика и астрономија на англиската кралица Елизабета I.

Иако официјалната историја се борела да го игнорира овој факт, сликата за Jon Dee од Wellcome Library неодамна е анализирана со рентгенски зраци. Откритието на научничите ги врати на виделина магичните склоности на волшебникот.

На сликата на Henry Gillard Glindoni, John Dee изведува експеримент за забава на кралицата Елизабета I. Делото било прегледано пред да биде сместено во Кралскиот колеџ за лекари, а студијата открила дека Dee првично бил опкружен со човечки черепи, кои потоа биле пребоени.

Никој не знае точно зошто биле отстранети овие черепи, но некои експерти велат дека продавачот ги пребојал бидејќи бил загрижен дека ќе биде потешко да ја продаде сликата со нив.

Бизарното откритие докажува дека можеби има вистини во репутацијата на John Dee како личност заинтересирана за мрачните уметности. Фактот дека тој бил личност на бројки и практични закони на природата очигледно не му пречело да се занимава со повикувањата на неприродните сили.