Погрешно чистење на лицето

176

Обично жените вложуваат многу грижи за својата кожа. Дали затоа што сакаат да ги одложат трагите на времето или едноставно така се научени од своите мајки – причините немаат големо значење.

Распространети се секојдневните ритуали кои се применуваат утро пред работа или обврски и на вечер – пред спиење.

И покрај строгиот режим, излегува дека дамите понекогаш грешат и се случува да си легнат по долга вечер и да заспијат со шминка.

Сепак – признатиот грев е половина грев.Можно ли е, сепак, дури и при секојдневно чистење, да штети на кожата? За жал, да.

Ви ги претставуваме најчестите проблеми кои можат да бидат фактор за предвремено стареење и појава на брчки.

1. Чистење премногу

Смее да се користи козметика за чистење до два пати дневно. Најдобро е тоа да се случува непосредно по будењето и навечер пред да си легнете. Ако сте многу активни и морате да го чистите лицето почесто, тогаш намалете го времето на постапката и користете помало количество производ. Секој пат, во кој ќе ја изложите кожата на вода и препарати, природното хидрирање страда. Тоа доведува до појава на брчки и јасното означувањето на лицето.

2. Премногу долго триете

Чистењето на лицето треба да е кратка и ефикасна постапка, која ќе трае не повеќе од две минути. Не инвестирајте цел ден во нанесување на производ или миење, а уште помалку треба да го оставате да отстои повеќе време.

3. Користење на погрешен производ

Купете козметички производ за чистење, кој одговара на специфичните потреби на вашето лице. Ако имате чувствителна кожа, треба да користите тоник, а не сапун, на пример. Добра опција се оние кои не формираат пена по употреба.

4. Ексфолирате премногу

Никогаш не ексфолирајте до момент во кој кожата ви поцрвенува – особено во зимските месеци. Ограничете ги овој тип процедури и козметика до примена еднаш неделно.

5. Користење топла вода

Кожата на лицето е деликатна и значително почувствителна од онаа на рацете и нозете, на пример. Чистењето со премногу топла вода ќе предизвика шок и не само што ќе се елиминира природното хидрирање, но и ќе предизвика црвенило. Држете се до телесна температура на водата.