Овие пациенти имаат дури 50% ризик од смрт поради инфекција со корона

1127

Ковид-19 е насочена кон основната функција на бубрезите, со што се зголемува ризикот од смрт кај пациенти кои се на интензивна нега.

Една нова студија објавена во списанието Анестезија открива многу поголем ризик од смрт кај пациенти со Ковид 19 кои се на интензивна нега и имаат некое хронично заболување на бубрезите или кај нив се развива акутно оштетување на бубрезите како резултат на Ковид19.

Д-р Санои Сони од Империјал колеџ во Лондон ја испита врската помеѓу хроничното заболување на бубрезите и акутната бубрежна инсуфициенција и клиничките резултати на 372 пациенти примени на единицата за интензивна нега помеѓу 10 март и 23 јули. Просечната возраст на пациентите е 60 години, од кои 70% биле мажи.

Вкупно 216 пациенти (58%) имале некаква форма на бубрежно оштетување, а 45 проценти од нив развиле акутно бубрежно оштетување, додека 13 проценти имале претходно бубрежно заболување. Останатите 42 проценти не страдале од никаква болест Пациентите кои развиле акутна бубрежна инсуфициенција немале историја на заболување на бубрезите пред приемот на интензивна нега, што укажува на тоа дека состојбата била директно поврзана со инфекција со коронавирус.

Резултатите од студијата покажаа дека пациентите без оштетување на бубрезите или заболување имале стапка на смртност од 21 процент, оние со ненадејна инсуфициенција предизвикана од ковид 48 проценти, додека кај оние со претходно постоечко хронично заболување на бубрезите има стапка на смртност од 50 проценти!

Кај пациенти со последна фаза на заболување на бубрезите, каде што беше неопходна редовна дијализа, стапката на смртност беше 47 проценти, а највисока беше кај пациенти кои имале трансплантација дури 86 проценти, што докажува дека тие се најранливата група.

Експертите велат дека биле изненадени кога откриле дека смртноста кај пациенти на дијализа е слична на онаа кај пациенти со помалку сериозно заболување на бубрезите. Со други зборови, резултатите од студијата сугерираат дека пациентите со дијализа имаат исти шанси за преживување како и пациентите со помалку сериозно хронично заболување на бубрезите или ренална инсуфициенција.