Создадете си ритуали пред секс
Стресот може да ја блокира способноста да достигнете оргазам. За таа цел треба да си создадете навики / ритуали пред чинот, кои ќе ви помогнат да се опуштите. Нежна музика, стриптиз, конкретни милувања … може дури да го замолите партнерот да ви направи масажа за загревање.
Се фокусирате на вашите сетила
Дамите често се загрижени за тоа како изгледаат за време на секс. Дали ги забележува малите гради? Стомакот многу ли виси така? Смешна ли изгледам? Заборавете на овие порочни мисли и концентрирајте се на тоа што чувствувате кога ве гали, бакнува, врз ритамот на срцето. Така ќе се релаксирате, возбудите побрзо и ќе поверувате во себе и својот сексапил.
Работете заедно
Убаво е да имате секс со искусен маж, но дури и најголемиот експерт не може да ви помогне да стигнете до врвот, ако не му помогнете. Не се срамете да го стимулирате клиторисот со прстите или да ги галите градите. Вие најдобро знаете што ве возбудува и може дури деликатно да го наведете партнерот на што да го концентрира вниманието.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















