Настан кој го гледале милиони | Фотографии од целосното затемнување на Сонцето | Фото/Видео

112

Некои не успеале да го доживеат затемнувањето затоа што плановите им ги уништиле – облаците.

Милиони Американци со нетрпение го следеле целосното затемнување на Сонцето, кое се случи над централниот дел на САД оваа година.

Според проценките на НАСА, само во САД, околу 32 милиони луѓе го набљудувале целосно затемнување на Сонцето.

Да потсетиме, целосното затемнување на Сонцето се случува кога Месечината минува помеѓу Земјата и Сонцето, целосно блокирајќи го погледот на Сонцето.

Самиот момент на затемнувањето трае помеѓу три и четири минути, но вкупното времетраење на сите фази на затемнувањето трае со часови.

Така е можно е да се набљудува како сенката на Месечината полека се движи над површината на Сонцето и на тој начин создава делумна површина.

Оваа фаза може да трае повеќе од еден час.

Според пресметките на НАСА, затемнувањето прво се појавило над јужниот дел на Тихиот Океан, а потоа го преминало брегот на Тихиот Океан на Мексико, а заврши на атлантскиот брег на Newfoundland околу 23 часот по наше време.

Еве како изгледало тоа: