Состојки
- 500 гр кори за пита
- 1 кг кисели јаболка
- 200 гр мелени ореви
- шеќер
- масло
- цимет
- ванилин шеќер
Подготовка
- Јаболката излупете ги, изрендајте ги и оставете ги да се исцедат од сокот.
- Потоа секоја втора кора пропрскајте ја со масло и вода, па редете фил од јаболка посипен со лажица шеќер, мелени ореви и цимет.
- Редете во плех и повторно пропрскајте со масло и вода.
- Печете во загреана печка околу половина час додека корите не поруменат.
- Посипете со ванилин шеќер, исечете на парчиња и послужете.
//