Најново истражување | Можеби недостатокот на овој витамин е виновник за салото на вашиот стомак !?

3326

Еден тим од холандски истражувачи открил дека абдоминалната маст кај жените е поврзана со ниското ниво на витаминот Д, а кај мажите, неговиот недостаток е поврзан и со маснотиите во црниот дроб.

Сѐ повеќе се зборува за витаминот Д и за неговата важност. Се открива колку е важен за организмот, но и колку може да нѝ наштети ако го немаме доволно. Истражувањата покажале дека секој седми човек страда од недостаток на витаминот Д, па многу лекари предупредуваат дека тоа е “епидемија која се игнорира”. Затоа, од суштинско значење е изложување на сончевата светлина за да телото произведе доволно витамин Д и неговиот внес преку храната. Витаминот Д е заслужен за апсорпција на калциумот, здравјето на коските, срцето и доброто функционирање на телото.

Од салото на стомакот до замастен црн дроб

Најновото истражување, презентирано е на 20-от Конгрес на европските ендокринолози, покажува дека недостатокот на витаминот Д е поврзан и со маснотиите на стомакот и со прекумерната телесна тежина. Тим од холандски истражувачи открил дека абдоминалната маст кај жените е поврзана со ниското ниво на витаминот Д, а кај мажите недостатокот на витаминот Д е поврзан со маснотиите во црниот дроб и абдоменот.

Истражувачите објаснуваат дека односот помеѓу зголемените абдоминални масти и ниското ниво на витаминот Д сугерира дека луѓето кои имаат проблем со дебелината имаат поголем ризик да развијат недостаток на сончевиот витамин.

Истражувањето опфати неколку илјади мажи и жени на возраст од 45 до 65 години. Во фокусот на истражувањето беа целокупните телесни масти, масти на стомакот и мастите околу органите и црниот дроб.

“Витаминот Д е од суштинско значење за здравјето на коските, бидејќи придонесува за искористување на калциумот од храната и неговото вградување во коските. Соодветен статус на витаминот Д е поврзан со нормалната мускулна и кардиоваскуларна функција. Исто така, откриено е дека го намалува ризикот од дијабетес и штити од инфекции.”

Што ако нема сонце?

Позитивна вест е дека можеме да ја збогатиме нашата исхрана со витамин Д.

Масните риби (лосос, туна и скуша) и рибиното масло, се одличен извор на витамин Д, како и храната збогатена со витамин Д – како што се млекото и маргаринот, кои често се составен дел од појадокот, а се извор на овој важен витамин според зборовите.

Се претпоставува дека една милијарда луѓе во светот страдаат од недостаток на овој витамин, а Европската агенција за безбедност на храната препорачува 50 nmol/L како соодветна концентрација на витамин Д за сите луѓе. Податоците се собрани во услови на минимална синтеза на витамин Д, т.е. минимална изложеност на сонце.