“Те сакам повеќе од сè!”
Според истражувачите оваа форма на лага се нарекува “измамена љубов” . Утврдено е дека повеќето луѓе изразуваат лажни изливи на љубов барем 3 пати неделно. Тоа не пречи на вистинските чувства да се присутни. Само тие се изразуваат поретко. Всушност “измамената љубов” помага во голема мера за одржување на една врска.
“Добро сум”
Оваа лага обично се искажува како заштитна реакција. Не ви се зборува за даден проблем, мислите дека вашиот партнер нема да ве разбере или се надевате дека ќе погоди сам. Причините за изговор на оваа лага се многу.
Експертите ја сметаат оваа лага како метод за смирување и ја нарекуваат “заштитна лага”. Многу луѓе ја користат оваа благородна лага, за да го заштитат својот партнер од стрес и загриженост, бидејќи и онака не може да направи ништо.
”Разбирам”
Дури и да не разбирате, со оваа манифестација на загриженост вие ќе обележите длабочина на чувствата. Загриженоста за партнерот ве тера однатре да му покажете разбирање, дури и да не сте целосно сигурни во него. Емпатијата е силен мотив за изговарање на благородна лага, која дејствува како мелем за човекот, кој има потреба од неа.



















