Откако деновиве се појавија многу објави од луѓе кои живеат на територијата на Македонија и ширум светот, дека над небото лета некаков неиндетифиукван летечки објект, повторно се разгореја социјалните мрежи дека над човештвото прелетале вонземјани, и уште многу други луди теории на заговор против цивилизацијата, а поврзани со коронавирусот.
Глетката која во петокот и минатата ноќ ја проследија граѓаните на Македонија е ретка астрономска глетка. Станува збор за сателитското соѕвездие на компанијата „SpaceX“ кое има за цел да обезбеди сателитски пристап до интернет.
Американската компанија предводена од Елон Маск, на 18 март лансираше пет групи од по 60 сателити кои работат во комбинација со копнени предаватели, а се наоѓаат на висина од околу 280 километри над земјата. Целта на „SpaceX“е да подигне околу 12.000 сателити во орбитата.
Скопското астрономско друштво сподели спектакуларно видео со мало објаснување кое има за цел да ги едуцира сите оние кои веруваат во теориите на заговор:
Вечерва успеавме да го фатиме прелетот на новата класа на телекомуникациски сателити наречени „Старлинк“, од компанијата СпејсИкс (SpaceX). Овие сателити се лансираат по 60 одеднаш, и до сега се лансирани 5 ракети со по 60 сателити. Во план е во иднина да бидат лансирани 12 000 само во првиот налет, а потоа тој број ќе се мултиплицира многукратно, така што можеби во иднина ќе гледате многу повеќе сателити, отколку ѕвезди. Овие сателити одат по небото како воз, во ред еден зад друг, па добивме многу повици и пораки со молба да им разјасниме на луѓето што е тоа што го гледаат на небото. Се надевам дека со ова делумно, или целосно, ќе им ја разјасниме мистеријата.Видео: Боби КузманоскиCanon 7Dmk II, Sigma 17-70 mm @17 mm.194 x 3.5 sec @ f2.8, ISO800
Gepostet von Скопско астрономско друштво / Skopje Astronomical Society am Samstag, 18. April 2020
– Вечерва успеавме да го фатиме прелетот на новата класа на телекомуникациски сателити наречени „Старлинк“, од компанијата СпејсИкс (SpaceX). Овие сателити се лансираат по 60 одеднаш, и до сега се лансирани 5 ракети со по 60 сателити. Во план е во иднина да бидат лансирани 12 000 само во првиот налет, а потоа тој број ќе се мултиплицира многукратно, така што можеби во иднина ќе гледате многу повеќе сателити, отколку ѕвезди. Овие сателити одат по небото како воз, во ред еден зад друг, па добивме многу повици и пораки со молба да им разјасниме на луѓето што е тоа што го гледаат на небото. Се надевам дека со ова делумно, или целосно, ќе им ја разјасниме мистеријата.- напишаа од Скопското астрономско друштво на нивниот фејсбук-профил.
Погледнете ги и фантастичните фотографии кои ги реализираа:
Од друштвото на нивната веб страна-пишуваат и дека деновиве добиле неколку пораки со прашања за “чудни“ објекти кои се движат по небото, па авторот на текстот, Радан Митровиќ се обидува сликовито да ги објасни мистериите.
Прво е планетата Венера. Овие денови се наоѓа на запад кога ќе се стемни и како заоѓа оди во правец север. Со својот исклучително голем сјај ги збунува луѓето. Венера е после Сонце и месечина нешто најсјајно на небото и може дури да се види дури и во денот ако знаете нејзина точна локација. Во народ е позната како ѕвезда Деница или Вечерница затоа што навестуваат доаѓање на денот или вечерта. Исто така над 50% од пријавувани НЛО се должи на погрешно интерпретирање на набљудување на Венера или просто незнаењето.
Информации за вечерашниот прелет на сателитите на Starlink
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.