Љубовта го поттикнува развојот на мозокот

311

Грижата, која мајката по породувањето ја покажува кон своето новороденче го стимулира и јакне развојот на мозокот на бебето.

Нејзиното постојано присуство, внимание и љубов позитивно влијаат врз растот на мозочните клетки, создавањето неврони и зголемувањето на интелигенцијата, тврдат американските научници од Универзитетот во Њујорк.

– Природната и раната поврзаност, која вклучува и доење и галење претставува клучна фаза во постанаталниот развој на мозокот. Всушност врската на мајката и детето директно влијае врз неговата рана мозочна активност. Во овој специфичен однос важно е мајката постојано да манифестира длабока емоционална присутност и приврзаност кон своето дете, нагласи професорката Реџина Саливан, раководител на истражувањето.