Не ја пијте максималната доза на витамин Ц

1359

Кога станува збор за заштита од болести, многу луѓе “се колнат” во витамин C, и тоа со право. Кон земањето сепак треба да се пристапи внимателно, објаснува германскиот лекар, цитиран од ДПА.

“Витаминот Ц е неопходен за заштита на нашето тело, бидејќи ги стабилизира имуните клетки”, потсетува д-р Клаус Шафер, општ лекар од Хамбург.

Стручњакот сепак смета дека поради потенцијалните ризици не е препорачливо луѓето да прифатат наброени на пакувањето максимални дози од витамини. Според Шафер долгорочниот прием на максимални дози витамин Ц не е доволно добро проучен.

Најбезбедно се средните дози, забележува лекарот.

Предозирањето со витамин Ц, познат како аскорбинска киселина, е штетно за бубрезите, бидејќи ја зголемува киселоста на урината и може да доведе до формирање на камења.

Најдобар начин луѓето да се осигуруваат од недостиг на витамин Ц е балансирана исхрана. Богати со витамини се цитрусните плодови, брокулите и киселата зелка. Овошјето и зеленчукот не само што се одличен извор на витамини, но содржат и корисни влакна и минерали, потсетува д-р Шафер.

“Тие се повеќе здрави за телото и не даваат штетни несакани ефекти”, вели специјалистот.