НАЈЧУДНИОТ ВУЛКАН НА СВЕТОТ | Лавата тече како вода, а можете да се искапете и да преживеете | Видео

844

Еден од носачите паднал во лавата – и преживеал.

Ol Doinyo Lengai, вулкан во Танзанија сигурно ја носи титулата најбизарен вулкан во светот. „Планината на боговите“, како што се нарекува на локалниот јазик на Масаите, ја исфрла лавата толку студена така што кој и да падне во неа ќе преживее.

Додека минималната температура која ја исфрлаат другите вулкани е околу 1000 Целзиусови степени, колку што е потребно за базалтната лава да биде течна, лавата од вулкан во Танзанија ретко надминува 500 степени Целзиусови.

Преладна е дури и ако е црвена, а толку е студена што носачот, кој паднал во неа 2007 година, успеал да излезе. Иако завршил во болница со тешки изгореници на рацете и двете нозе, тој е единствениот човек кој може да каже дека се капел во лава и преживеал.

Многу низок вискозитет

Освен по температурата, лавата на овој вулкан се одликува и со многу низок вискозитет. Повеќето лави по рамни површини се движат со максимум 10 километри на час, така што не е особено тешко да се избега од лавата. Но, лавата од Ol Doinyo Lengai тече речиси како вода и побрза е од човекот. За среќа многу ретки се експлозивните, масовните ерупции, пишува IFL Science.

Причината за необичната лава е нејзиниот карактеристичен хемиски состав. За разлика од повеќето други лави, кои имаат најмногу силициумски соединенија, оваа содржи многу алкални метали, првенствено натриум и калциум и многу растворен јаглерод диоксид, а точката на топење на соединенијата на овие елементи е далеку пониска од сите силикати во другите лави.

Геолозите не можат точно да го објаснат овој хемиски состав, но вулкани со црна лава се појавуваат и на други места во светот. Но, во едно се сигурни – ова е јасен знак дека Африка се распарчува.