8 ствари кои само мајките на момчињата можат да ги разберат

355

Како женско, сигурно не сте можеле ниту да замислите што ве чека кога сте откриле дека ќе родите момче.

Веројатно се сеќавате како сте се однесувале и со што сте играле во детството, па сте биле, во најмала рака, шокирани кога Барбиките и чајанките биле заменети со викање, качување и константо кршење на ствари.

Одеднаш, мирот и тишината во куќата повеќе не постојат, а алишта буквално не можете да се наперете.

Погледнете кои уште други работи само мајките на момчињата можат да ги разберат.

1) МОМЧИЊАТА НАЈДОБРО ГУШКААТ

Момчињата даваат најубави прегратки и најубави бакнежи. Кога синот ве гушка, тоа е вистинска и чиста љубов. Не постои скриен мотив кој му е во главата. Момчињата сакаат едноставно и искрено. Нема ништо поубаво или почисто од љубовта на момчињата кон нивните мајки.

2) ПРДЕЖИТЕ СЕ НАЈСМЕШНИ

Или барем вашиот син мисли дека се смешни. Момчињата од раните денови стануваат “талентирани” за ослободување на гасови, и тоа колку позвучно толку подобро. Исто така, колку се посмрдливи, толку им се посмешни. Ако имате повеќе момчиња, во вашата куќа ќе свири вистинска симфонија. Помирете се со тоа, нема да ја добиете оваа битка.

3) СЕ ЌЕ СТАНЕ ПОКРИЕНО СО МОЧКА

Навистина, речиси сè. Даската на WC шолјата, подот, престилката во бањата (која веројатно веќе до сега сте ја промениле 156 пати поради својот син) … па дури и ѕидот и работ на кадата. Понекогаш успеваат да стигнат до местото за кое се прашувате како успеале воопшто да достигнат.

4) СЕКОЈ ПРЕДМЕТ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕТВОРИ ВО ПИШТОЛ

Факт е дека момчињата сакаат пиштоли. Но, и кога не сакате да им го купите, тие ќе го направат своето оружје од ништо. Дезодоранси, картон од тоалетна хартија, банана, па дури и својот прст. Дури и во ситуации од претходната ставка. Сепак, не можете да излезете на крај со борбите со пиштоли и мечот. Момчињата така сакаат да играат, но сепак би требало да разговарате со нив за вистинските пиштоли и значењето на човечкиот живот. Но, немојте да полудувате ако ненадејно шампонот за коса стане пиштол. Тоа е нивната најголема забава.

Продолжува на страна 2