Како тушот не смирува и симнува килограми

1039

Откако сме се истуширале, се чувствуваме како сосема нов човек.

На што сепак се должи тоа? Според научни докази капењето има како физички така и психички бенефиции, благодарение на кои се чувствуваме подобро, а времетраењето е најмалку 24 часа.

Додека тушот е многу удобен и брз начин да се искапеме, нурнувањето во кадата има и дополнителен ефект, бидејќи влијае поволно на нашето расположение.

Психологот Нил Морис појаснува дека капењето го намалува песимизмот, додавајќи дека на овој начин навистина можеме да се одмориме од секојдневниот живот и да си ги обезбедиме исклучително потребните тишина и удобност.

Покрај подобрување на расположението, капењето во када може да ги намали воспаленијата, да го подобри сонот, да ги олесни мускулните болести или моментални болки и да помогне против депресијата.

Се разбира, брзиот туш исто така, ги носи своите придобивки. Студениот туш наутро пример нè буди, бидејќи најниската температура го зголемува внесот на кислород и срцевата фреквенција што ја подобрува циркулацијата.

Ако се стремиме да намалиме неколку килограми, студениот туш може да помогне и во овој поглед, бидејќи ги стимулира кафеавите масти со 15%. За разлика од белите масти, кафеавите всушност согоруваат калории.

Топлиот туш исто така има свои придобивки. Жешката вода делува како природно средство за отпушвање на носот, на тој начин ги ублажува проблемите поврзани со синусите и настинките. Покрај тоа, го намалува чувството на анксиозност и помага на организмот да се чисти од натрупаните токсини преку потењето.

Во податоците на истражувањето се наведува дека топлата вода може да ја ублажи болката и да го зајакне нашето чувство за благосостојба.