Тие го обликуваа светот во кој живееме | Објавена листа на најголемите херои и најгнасните злосторници во историјата

1727

Околу 7.000 студенти од 37 земји добиле имиња на 40 важни историски личности кои би требало да ги рангирани по тоа дали ги гледаат како злосторници или „херои“ на човештвото. Резултатот е табелата која е пред вас, подолу од текстот.

Студијата е спроведена на студенти со просечна возраст од околу 23 години, а земјите кои беа вклучени во студијата се, меѓу другите, Аргентина, Пакистан, Јужна Кореја, Италија, САД …

Списокот на „херои“ и не е за изненадување, иако местата што одредени личности ги зазеле можеби се. На пример, Ајнштајн е „позициониран“ подобро од Исус Христос, Махатма Ганди е на 3-то место, додека Буда е „само“ десетти.

Мислењата на студентите од државите најмногу се сложиле по прашањето кои се „хероите“ на човештвото, пишува Дејли меил.

Но, не толку за прашањето на – „злосторниците“…

– Една иста личност може да се процени многу негативна во една држава, или помалку негативна или многу позитивна во друг дел од светот. Таков беше случајот со Осама Бин Ладен, на пример – објасни Дарио Перез, професор на Универзитетот УПВ/ЕХУ.

Очекувано, прв е Адолф Хитлер, но на листата на злосторници високо е котиран поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш, кој е пред Сталин, Мао Це Тунг и Ленин.

Еве ја листата:

Најголемите херои на човештвото

  1. Алберт Ајнштајн
  2. Мајка Тереза
  3. Махатма Ганди
  4. Мартин Лутер Кинг
  5. Исак Њутн
  6. Исус Христос
  7. Нелсон Мандела
  8. Томас Едисон
  9. Абрахам Линколн
  10. Буда

Најголемите злосторници на човештвото

  1. Адолф Хитлер
  2. Осама Бин Ладен
  3. Садам Хусеин
  4. Џорџ Буш Помладиот
  5. Сталин
  6. Мао Це Тунг
  7. Ленин
  8. Џингис Кан
  9. Саладин
  10. Чин Ши Хуанг